Поранешната учесничка во реалното шоу „Задруга“, Далила Драгојевиќ неодамна заплови во водителските води и доби свое шоу, во кое во една прилика дури беше жестоко навредувана од двајца гости.
Но, тоа не ја поколеба да продолжи со снимањето и да и се посвети на новата професија, по што набргу реши да се опроба и во друга.
Имено, ријалити старлетата откако стана водителка,сега на својот Инстаграм откри дека станува и пејачка!
Таа со својата пријателка и поранешна цимерка Маријана Зоњиќ сними песна и спот насловена „Малку ти се допадна“, а најавата за премиерата на видеото полна со еротски набој и изобилие на разголени сцени, обете ја споделија на својот Инстаграм.
Таа веднаш се пофали со жешките кадри од видеото, полни со сочна голотија во кои доминираат бујните атрибути на двете ријалити старлети.
Маријана и Далила во кожни костими кои не кријат многу, но затоа повеќе од што треба покажуваат додека двете старлети се допираат, дразнат и заводливо танцуваат .
Оваа вест секако изненади многумина, бидејќи Драгоевиќ никогаш немала допирни точки со музиката, но ете…
Желбата за популарност е посилна и кај двете, а понудата сочна и богата… Ако не вокалната во песната, тогаш сигурно онаа во видеото… телесната!
View this post on Instagram
Фото;Инстаграм, принтскрин/marijanaa_zonjic/dalila_dragojevic_official