Црната ролка ја носеле кралици, работници, спортисти, војници, но дури во педесеттите години на минатиот век се позиционираа како модно парче, кое трае до ден-денес. Црната ролка го издолжува горниот дел и аристократски го нагласува вратот, го истакнува лицето, а воедно и прикажува моќна модна порака, бидејќи со текот на времето баш ова модно парче станало симбол на интелектуалци, филозофи и уметници.
Црната ролка што датира од 16-тиот век беше дури и носена од кралицата Елизабета под фустан со висока јака. И оттогаш, помина долг пат – од кралска облека, преку спортски дрес, воена униформа, работна облека, за да се позиционира како модно парче дури во педесеттите години.

Одри Хепберн, која се сликаше во црна ролка, панталони и балетанки, ја крена ролката во модните висини. Целата комбинација до денес остана симбол на добар стил.

Подоцна нив ги носеа и Грета Гарбо, Мерилин Монро, Жан Пол Сартр, Енди Ворхол, интелектуалци, филозофи и сите кои сакаа да ги бидат доживеани како такви.