Оваа природна маска е многу ефикасна за кожата. Го чисти, ја намалува видливоста на лузните, го храни и ја намалува можноста за појава на брчки
Сите сакаме да имаме што е можно поубава кожа, особено кожата на лицето. Многумина од нас имаат проблеми со кожата, а најчести од нив се акните.
Потребни состојки:
1 капсула витамин Е
1 таблета витамин Ц
розова вода
Начин на подготовка:
Најпрво здробете ја таблетата со витамин Ц, а потоа додадете ја капсулата со витамин Е и добро измешајте. Откако убаво ќе се измеша додадете 23 капки розова вода. Сето тоа повторно измешајте го додека не добиете фина смеса.
Добиената маска нанесете ја со кружни движења. Избегнувајте ги областите околу устата и очите. Подготвената маска се препорачува да се нанесува навечер, пред спиење. Наутро исплакнете со вода.
По неколку апликации, ќе забележите позитивни резултати. Покрај тоа, за да бидете здрави и да имате здрава кожа, секако, јадете многу овошје и зеленчук и пијте многу вода.
извор:Курир.мк