Овој рецепт ќе ве воодушеви, а вкусот долго ќе го паметите.
Состојки:
– 300 грама крем-шлаг;
– Екстракт од ванила;
– Шеќер во прав;
– 250 грама маскарпоне сирење;
– 1 шолја црно кафе;
– Пишкоти.
Подготовка:
– Во чинија ставете го шеќерот во прав, додадете го крем-шлагот и добро измешајте.
– Во друга чинија ставете го маскарпоне сирењето и екстрактот од ванила и добро помешајте.
– Во шлагот додадете ја мешавината од маскарпоне сирење и ванила и добро измешајте.
– Потоа потребно е да ги распоредите пишкотите и да ги потопите во кафето, па да ги ставите во чашата.
– Смесата ставете ја во чашите и можете одгоре да нарендате темно чоколадо.