Убавата Ана Трајковска од Куманово имавте можност да ја запознаете од спотот на поп-пејачот Влатко Лозановски за неговиот летен хит „Ова лето ќе се памти“.
Преку приказната од видеото Ана беше девојката на летото преку песна, а за да не ја подзаборавиме, згодната кумановка реши да се фотографира и во есенско светло.
Облечена во провокативна комбинација и качена на велосипед, Ана позираше пред објективот на фотографот Милош Нешковски кој направи магична и безвременска есенска фотографија по која Ана не само во лето, туку ќе ја памтиме и во есен.
фото:милош нешковски