Во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ станува се пожешко. Изиматата сабота се случи шестиот круг, а селекцијата на учесниците се стеснува се’ повеќе.
Мите Стоилков од Скопје е сериозен кандидат за финале и дефинитивно еден од најдобрите кои настапуваат на големата сцена на Грнад.
![](https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2021/05/uy.jpg)
Тој во најновото издание се претстави со песна од Адил и Тоше Проески, а награден за своето пеење беше со сите шест гласови уште на првата песна, што речиси и да не се случува со останатите негови конкуренти.
![](https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2021/05/yyk.jpg)
Интересно беше што Мите за овој настап го сменил имиџот за кој се погрижил дизајнерот Златко Јовановски од Тетово, кој исто така се грижи и за сценските костимографски настапи на битолчанката Марија Груевска.
![](https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2021/05/Screenshot_1-22.jpg)
Мите и за двете песни го промени стајлингот, пуштил брада, и косата му беше модерно стилизирана.
-Кој е овој? Мите?- праша Карлеуша која не го препозна, а подоцна му даде коментар дека од „грдо пајче, станал лебед“.
![](https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2021/05/ffrf.jpg)
Најсреќна за директниот пласман на Мите беше неговата менторка Вики Миљковиќ која кажа дека дури и доаѓа да се напие лекови.
Настапот н а Мите погледнете го од видеото на 3:15 минути.