Живот и Стил избегнувајте го ова

Од 10 мај до 3 јуни ќе владее ретрограден Меркур: Еве што треба да избегнуваме во овој период

Од 10 мај до 3 јуни ќе владее ретрограден Меркур: Еве што треба да избегнуваме во овој период

Астролозите советуваат особено да избегнувате започнување нови проекти во овој период.

Меркур влегува во ретрограден период на секои три до четири месеци, а во наредниот период тоа ќе се случи на 10 мај и ќе трае до 3 јуни.

Меркур за тоа време ќе биде ретрограден во знаците Близнаци и Бик. Додека е во Близнаци можете да очекувате да се појават проблеми во комуникацијата, кавги на работа, со саканите. Додека е во Бик, тоа ќе влијае на материјалните работи, на приходите и расходите, но и на сликата која ја имаме за себе и на нашата самодоверба.

Што нè очекува во текот на ретрограден Меркур?

Нарушени планови

Времето и ретроградниот Меркур не одат заедно – за време на неговото траење многу од плановите ќе бидат откажани, некои дури и во последен момент. Лесно може да се случи да заборавите некој важен состанок или лошо да се организирате. Во овој период распоредот нема да биде од голема корист, а може да очекувате и хаос во сообраќајот.

Конфликти во комуникација

Меркур управува со комуникацијата, па кога е ретрограден, голема е веројатноста да дојде до недоразбирања, лошо да ги протолкувате информациите од другите или пак да кажете нешто што не мислите. Размислете пред да проговорите и мудро бирајте ги зборовите.

Избегнувајте започнување нови проекти и потпишување договори

Потпишувањето договори, носењето важни одлуки, купување или започнување нови проекти не е препорачливо во текот на ретроградниот период. Големи се шансите дека ќе пропуштите некои важни детали, дека ќе се збуните, ќе донесете лоша и импулсивна одлука поради која подоцна може да се каете.

Направете резервен фолдер

Поради тоа што Меркур управува со информациите, чувајте ги своите податоци, може да се случи да ви се расипе компјутерот или телефонот. Најдобриот совет е да направите резервни копии од сите датотеки.

To top