Живот и Стил

Очилата за сонце имаат свој “рок на траење“

Очилата за сонце имаат свој “рок на траење“

Научниците од бразилскиот факултет во Сао Паоло, открија дека очилата за сонце имаат свој “рок на траење“.

Во истражувањето на нивниот сајт пишува дека стаклата, ја губат првобитната заштита од УВ-зраци и повеќе не можат да ги заштитат очите од опасните зраци, заради тоа не се препорачува да го носите истиот пар очила за сонце повеќе од две години.

За време на носењето на очилата за сонце, сончевите зраци постепено ги оштетуваат стаклата додека заштитата од УВ-зраците целосно не исчезне.

Според истражувањето, тоа се случува после две години, колку што изнесува просечното траење на заштита од сонце кај еден пар очила.

Заради тоа, секои две години треба да ги менувате очилата за сонце, а доколку поседувате некои очила кои премногу ви се драги или скапоцени, не мора целосно да се ослободите од нив туку може да си ги смените само стаклата.

извор:точка.ком.мк

To top