Српското основно обвинителство во Белград и издаде наредба на полицијата да ги собере потребните информации и нареди да се сослуша Јелена Карлеуша за дивјачкиот нападот на фоторепортерот на српски Курир, Владимир Шпорчиќ.
Да потсетиме, таа во петокот, прво вербално, а потоа физички го нападна фоторепортерот кој имал работна задача од редакција, да ја фотографира на гробиштата во Бежанија.
По дузина навреди и пцости, пејачката го плука фоторепортерот, а потоа и му удира шлаканица. Тоа како да не било доволно, па ќе го зграпчи со рацете и почнува да го дави. Целиот инцидент беше снимен и објавен на веб-сајтот на српскиот портал Курир, а фотографот против Карлеуша поднел кривична пријава уште истиот ден заради закана по безбедноста.
„Откако полицијата ќе ги изврши потребните проверки и ислуша пејачката , случајот ќе се врати во канцеларијата на јавниот обвинител за понатамошна постапка. Потоа, ќе се чека одлуката на обвинителството за понатамошните чекори, земајќи ги во предвид сите собрани докази“, изјавил за српски Курир добро информиран извор.