Збунувачкиот почеток на пролетта донесува повисоки температури, подолги денови, сезоната на настинки и грипови се смирува, меѓутоа, настапува сезоната на алергии кои оваа година се “судираат“ со коронавирусот.
Со оглед на тоа дека јавноста веќе е запознаена со симптомите на Ковид-19, тешко е да се разликуваат од алергиите. Сепак, се разбира дека постојат разлики помеѓу алергијата и овој вирус, а еве кои се тие.
Американски универзитет за алергии, астма и имунологија, истакнува дека алергиите воглавно се појавуваат кога имунолошкиот систем реагира на нешто што кај другите е прилично безопасно.
Симптоми за алергија:
– кашлање
– затнат нос и/или кивање
– сува кашлица
– замор
– главоболка
– чешање, насолзени и потечени очи
Симптоми за коронавирус:
– грозница
– краток здив
– сува кашлица
Некои помалку вообичаени симптоми на коронавирусот вклучуваат и болки во телото, течење на носот, болка во грлото и дијареја.
Кои се главните разлики помеѓу коронавирусот и алергиите?
– Коронавирусот може да предизвика температура, а алергијата не може.
– Алергијата доаѓа со некој вид на чешање на очите, носот,чешање во грлото, додека короната нема такви симптоми.
– Иако кивањето може да биде симптом и за алергија и за коронавирус, сепак зачестеното кивање и затнат нос се симптоми за алергија.
– Коронавирусот се пренесува, а алергиите не се пренесуваат.
извор:точка.ком.мк