Сигурно не ви се случило само еднаш да ставите маица со една големина во машината, а да ја извадите со еден помал број помал поради неправилно поставената температура. Не очајувајте, и за тоа постои решение!
- Во еден леген сипете топла вода и додадете еден филџан шампон за бебиња;
- Собраната маица или било кој друг дел од облеката оставете го да одстои во водата, и нежно протрљајте го од време на време за влакната да се опшутат;
- По половина час, извадете ја маицата од водата, но без да ја исплакнете и да ја исцедите со извртување, туку само нежно притиснете ја за да ја ослободите од вишокот вода;
- На рамна површина раширете еден пешкир и поставете ја маицата на него, а потоа свиткајте го пешкирот за да го апсорбирате вишокот на влага;
- Оставете го така дваесет минути, па потоа исправете го го пешкирот;
- Раширете нов, сув пешкир и на него нежно истегнете ја маицата колку што можете;
- Оставете ја маицата да се исуши на пешкирот и ако не сте задоволни со резултатот, повторете ја постапката.