Пејачката Елена Петреска периодов е доста активна со настапни низ главниот град заедно со бенд.
На својот Инстаграм профил Петреска редовно ги објавува своите музички ангажмани и секојдневни активности од приватноста, а овој пат на нејзините приказни се најде една неодолива објава.
Имено, таа покажа дека на еден од своите настапи била заедно со ќерка си Софиа која не се двоела од мама.
View this post on Instagram
Па така, додека мама пееше имаше и специјално обезбедување. Софиа ја гушнала и како залепена не се двоела од мајка си.
Глетката едноставно е неодолива како доказ колку дечињата ја сааат и не ја даваат мама.
-Мајчинството е најубавата работа која ми се случила. Ми се оствари желбата да имам и син и ќерка. Со добра организација успевам да имам време за сè. Јас сум човек што не може да седи без обврски. Со добра организација успевам да имам време за сè. Сепак, за Софиа и Михаел нема термини и стратегии. За нив сум достапна во секое време – изјави своевремено Елена за „Женски магазин“.
За потсетување, Елена Петреска и сопругот Андреј во бракот покрај помалата Софиа го имаат и постарото синче Михаил кои заедно со помалата сестричка се целиот универзум на мама и тато.