Сите го знаеме она чувство кога наутро мора да станеме од кревет, а ни се чини прерано и едноставно немаме енергија да се соочиме со денот.
Меѓутоа, според мислењето на нутриционистите, постојат две работи кои можеме да ги направиме за да му помогнеме на нашето тело да се носи со утринскиот умор и да си обезбедиме расположение за натамошниот ден.
Нутриционистката Аислин Кембриџ вели дека постои пијалак за кој тврди дека делува како магија и помага да се чувствуваме добро, а потребни ни се само две состојки.
Иако сите знаеме колку е важно да пиеме многу вода, всушност може да направиме да се чувствуваме уште подобро доколку во неа додадеме малку лимон (водата да биде топла).
„Постои една работа која апсолутно секој треба да ја прави во моментот кога ќе се разбуди наутро, а тоа е да пие вода. Таа го хидрира вашето тело и го намалува крвниот притисок. Доколку сакате да имате енергија и да се чувствувате добро, испијте топла вода со половина исцеден лимон. Доколку сакате да имате енергија и да се чувствувате добро, испијте ја топлата вода со половина исцеден лимон. Тоа е како магија“, објаснила таа.
Освен вода со лимон која овозможува да се чувствуваме подготвено за почеток на денот, Аислин исто така истакнува дека правилната грижа пред спиење може да помогне наутро да се чувствуваме подобро.
Нутриционистката изјавила дека меѓу последниот голем оброк и одење на спиење треба да има најмалку три часа простор за телото да може да ја свари храната пред ноќниот одмор.
„Доколу изедете оброк и се обидувате да заспиете еден час или два, тоа предизвикува проблеми во вашето тело поради тоа што тоа не може да ја свари храната навреме, а ќе бидат погодени и вашиот дигестивен систем, но и квалитетот на сонот“, советува таа.
извор:кармин/точка.ком.мк