Радио Милева

Нозе долги како година: Андријана Јаневска никогаш посекси во кусо фустанче (фото)

Нозе долги како година: Андријана Јаневска никогаш посекси во кусо фустанче (фото)

Пејачката и виолинистка, Андријана Јаневска, за разлика од некои свои колешки не така често прави фотосесии за модни брендови, но изгледа како вистински модел.

Објавите на Јаневска на социјалните мрежи најчесто се од некои патувања или такви од домот, а овој пат на изненадување на нејзините следбеници и пријатели, Андријана објави две професионални фотографии на кои е облечена свечено по повод празниците.

фото:андријана јаневска/инстаграм/ани и дими

На првата фографија носи светкав комбинезон, со кој се појави и во новогодишното издание на „Преспав“, а деновиве пак со уште една нова фотографија на која носи ултра кусо фустанче, го најавува нејзиниот настап на концертот по повод Василица.

-На 12 и 13 јануари ќе настапам како солист во придружба на оркестарот и хорот на МОБ, на традиционалните концерти по повод празникот Василица. Дојдете, нема да зажалите!- најавува Андријана.

фото:андријана јаневска/инстаграм/ани и дими

Сепак, она за што пристигнаа најмногу ласкави коментари, се таквите на сметка на нејзиниот секси изглед, од кој особено нагласени се долгите витки нозе.

„Прекрасна“, „Би клекнал пред твоите нозе“, се само мал дел од пофалбите на сметка на пејачката.

To top