Филмот и серијата за животот на Аца Лукас „Кафана на Балкану“се снима на големо, но дошло до промена на сценариото.
Имено, во оваа продукција, чија премиера е најавена за 3 ноември 2023 година, кога се одржува и концертот на пејачот во Арена, ќе ја нема Соња Вуксановиќ, последната сопруга на Аца, иако беше најавено. Но, не само таа беше исфрлена од сценариото, туку и другите сопруги на Лукас – Цеца и Наташа.
– Кога беше договорено да се снима филм и серија, во сценариото имаше и снимки поврзани со љубовниот живот на Лукас. За улогата на Соња беше избрана младата актерка Теодора Бјелица, но на крајот сето тоа пропадна. Сепак, сценаристите одлучија фокусот да биде ставен на кариерата на Аца и други работи од неговиот приватен живот и дека нема да има љубов – вели извор близок до продукцијата „Hајр“, која стои зад овој проект.
Како што продолжува тој, сè уште не е готово, па публиката би можела да види каков е Лукас со жените зад четири ѕида, но во продолжението на „Кафана на Балкану“. Со оглед на тоа дека пејачот има многу богат живот, продуцентите планираат да го снимаат вториот дел од филмот во кој ќе се појават ликовите на сите сопруги на фолкерот.
Да потсетиме, актерот Младен Совиљ ќе ја толкува улогата на Аца Лукас, кој во филмот го нарекуваат Петар, додека неговите родители Вукосава и Вуксан ќе ги толкуваат Бранка Катиќ и Милутин Мима Караџиќ. Улогата ја прифати и Андрија Кузмановиќ, кој ќе го толкува ликот на криминалец, а менаџерот на Лукас ќе го толкува неговиот колега Игор Ѓорѓевиќ.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Соња Спасиќ/