Живот и Стил

Ново истражување: 3 до 5 шолји кафе дневно го намалуваат ризикот од срцеви заболувања

Ново истражување: 3 до 5 шолји кафе дневно го намалуваат ризикот од срцеви заболувања

Едно од многуте биоактивни соединенија кои се наоѓаат во кафето, намалува одреден протеин, чие пониско ниво е одговорно за одржување на здравјето на срцето и крвните садови.

Ако сакате да пиете кафе, ова е добра вест за вас. Луѓето кои консумираат помеѓу три и пет шолји кафе дневно имаат помал ризик од кардиоваскуларни болести.

Оваа информација со следбениците на социјалната мрежа Инстаграм ја сподели светскиот нутриционист Сајмон Хил.

Според него, објавената студија покажува дека кафето го намалува нивото на одредени протеини, чие пониско ниво е важен фактор за спречување на болести на срцето и крвните садови.

Една нова студија објавена во Nature communicatons сугерира дека кофеинот, едно од многуте биоактивни соединенија пронајдени во кафето намалува одреден протеин во крвта, означен како PCKS9.

Научниците дошле до ова откритие давајќи им на луѓето вклучени во истражувањето 400 милиграми кофеин.

Два часа по консумирањето, нивото на овој протеин е намалено за 25 проценти.

Зошто е ова важно? Како што вели Хил, бидејќи понискиот PCKS9 го намалува ризикот од висок лош холестерол, срцев удар и мозочен удар.

Благодарение на кофеинот, од телото се отстрануваат големи количини лош холестерол, крвните садови и артериите се заштитени од таложење на наслаги што доведува до „затнување“, а сето тоа го намалува ризикот од срцев и мозочен удар.

извор: попара.мк

To top