Вики Миљковиќ купи три страна во една елитна населба во Белград, а само за еден стан плати пола милион евра.
Вики неодамна се пресели во еден од становите, а сега соседите откриваат што се случува во нејзиниот крај.
„Вики е наша драга сосетка. Секој ден ја гледам со работници, често влече некои кутии. Се жали што во станот има мајстори и е хаос, едвај чека да заврши уредувањето и да започне живот на нова адреса. Фина е, пристојна, жена од народ. Кога и да ја сретнам, таа зборува на телефон, често зборува со некој. За уредување на станот ангажираше архитект“ вели девојка која живее во близина на новиот дом на пејачката.
Вики е чест гост во фризерскиот салон кој се наоѓа во зградата каде што живее:
„Утрово беше на фенирање. Вики е вистинска жена, многу е фина и цврсто стои на нозе. Нема некои посебни барања. Ни се жалеше како се предолги снимањата на „Ѕвездите на Гранд“, дека има една пауза и дека е многу напорно. Посебено и е напорно сега кога енергијата ја троши на мајстори и уредување на станот. Пред некој ден беше овде со архитектот бидејќи и се допадна ѕидот во нашиот салон и бараше од архитектот да има ист таков во нејзиниот стан“ вели вработена во салонот.
Миљковиќ со синот и сопругот е редовен гост во кафулето кое се наоѓа до нејзината зграда.
„Вики често доаѓа. Љубезна е, фина, нормална, не глуми ѕвезда. Не пие алкохол, омилено пијалок и е лимонада. Некогаш доаѓа средена, некогаш ненашминканка и без фрзиура. Не е искомплексирана. Со семејството оди и во маркет“ вели вработена во кафулето.
„Вики често доаѓа. Пристојна и културна жена. Не ни знаев дека е пејачка ако не ми кажеше, не слушам таква музика“ вели вработена во менувачница.