Радио Милева

Нови прогнози за оздравување на водителката Деа Ѓурѓевиќ

Нови прогнози за оздравување на водителката Деа Ѓурѓевиќ

Водителката Деа Ѓурѓевиќ настрада во тешка сообраќајка на 7 февруари кога автобус и ја откина раката.

„Докторот Бумбаширевиќ и неговиот тим одлично ја направија операцијата и реагираа брзо и професионално, а тоа ги зголеми прогнозите дека Деа ќе може да ја користи повредената рака. Неа ја чека долго оздравување, но никој не ни можеше да претпостави дека раката ќе и биде во функција. Меѓутоа, она што покажува дека Деа е на добар пат да оздрави е што нејзината повредена рака е топла и тоа е добар знак. Кога докторите го констатираа тоа, сите беа радосни бидејќи тоа значи дека проработиле нервите и циркулацијата. Секако, Деа ја чека уште една операција, но и физикални терапии, а ова е прв знак дека не само што и е зачувана раката туку дека ќе може да ја користи“ вели извор упатен во лекувањето на водителката и додава:

„Се уште не се знае кога ќе биде префрлана на друго оделние, тоа на никој не му е приоритет туку таа потполно да оздрави.За тоа ќе одлучат докторите и никој друг, а потребно е да се поклопат коцките и нејзиното здравје да биде стабилно. Сега има 24 часа нега и важно и е да одмара“, вели соговорникот.

Покрај неа цело време е нејзиното момче  и мајката Нена, кои може да ја гледат само преку стаклото бидејќи влезот е забранет.

To top