Многу жени веруваат дека меѓу многуте различни видови модели обувки во плакарот, тешко е да се одлучи за еден чифт. Тоа некако зависи од модниот стил и вкус, но, се чини, жените се согласуваат дека најлоши чевли се оние неудобните и што предизвикуваат плускавци.
Се случува вообичаено – купувачката „се вљубува“ во чифт чевли, но откако ќе ги обуе првпат дома, сфаќа дека ѝ се неудобни и не може да направи чекор повеќе во нив. Следи прашањето – како не го сфатила тоа при пробувањето во продавницата?
Постои начин да се избегне таа непријатна случка – со купување чевли во вистинско време. Тајната е во разликата во часот и времето од денот кои влијаат на тоа.
Имено, нозете се менуваат во текот на денот. Наутро воопшто, човекот се чувствува посвежо, пропешачил помалку и стапалата не му / ѝ се отечени. Тоа значи дека ако наутро ќе му / ѝ одговара помал број.
Но, подоцна дента, тоа се менува. Нозете се поуморни, а една од последиците се отечени стапала. Не е тешко да се погоди – тогаш ќе одговара поширок калап на чевелот и поголем број.
Затоа советот гласи – нов чифт чевли се купува во последната третина од денот – колку подоцна, толку подобро. На тој начин новите чевли ќе Ви одговараат преку целиот ден, т.е. ќе бидат поудобни и нема да создаваат плускавци.
Извор: Курир.мк