Откако часовникот покажа полноќ, во домот на Амиџиќ започна важен ден, а Мина Наумовиќ му испрати порака на синот на Огњен Амиџиќ. Имено, Матија Амиџиќ, синот на Огњен и Данијела, го славеше својот десетти роденден, а девојката на неговиот татко му приреди мини прослава во семејниот дом.
Таа објави фотографија од Огњен со синот со опис „Роденденот на Мата“, а потоа откри дека му подготвила специјално изненадување на синот на нејзиниот партнер. Освен капи, балони и роденденски украси, Мина за Матија избра специјална торта со ликот на нивното куче Чака и на тој начин откри дека е внимателна кон постариот брат на своето неродено девојче.
Нешто по полноќ, се обрати и гордиот татко:
– Ќе му го честитам роденденот на мојот Матија, помина полноќ… Матија, легендо, да ти кажам нешто, да си жив и здрав, фала што се роди. Ти посакувам се што си посакувам, пет пати! Само сакам да сте живи и здрави и среќни.
Да потсетиме, Матија по разводот на родителите реши да живее со мајка си, а често се гледа со својот татко Огњен и неговата избраничка. Сега е откриено дека тој има одлични односи со Мина, и дека таа добро се однесува со него, што е многу важно и за неговата мајка.
фото: Instagram printscreen/ callmenaumi