Во далечната 1991 година животот на славниот музичар Ерик Клептон се промени засекогаш поради еден трагичен настан.
Неговиот четиригодишен син Конор падна од 53-от спрат и загина. Во новата биографија „Slowhand:The life od Eric Clapton“ авторот Филип Норман детално опишува што точно се случило тој кобен ден.
На 20-ти март Клептон се упатил кон станот на својата љубовница Лори дел Санто за да го земе нивниот син Конор. Еден ден порано музичарот за прв пат добил прилика да помине време со своето синче и за двајцата купил влезници за во циркус на Лонг Ајсленд.
На враќање момчето било многу возбудено, а Клептон му ветил дека отсега ќе му биде татко каков што заслужува. Следниот ден требало да одат во зоолошка, но за тоа никогаш не добиле шанса.
Тоа утро, додека чекале да дојде неговиот татко, Лори била во бањата, а домарот дошол да ги чисти прозорците, а на малиот Конор внимавала дадилката. Момчето возбудено трчало низ станот во исчекување повторно да го види татка си, а доволен бил само еден момент на невнимание и тој да падне од прозорецот на 53-от кат.
Клептон, кој по раѓањето на синот изјави дека тој е единствената работа во животот која направила да помине низ нешто добро, во шок слушал како Лори на телефон вришти од тоа што се случило.
-Дали си сигурна? Успеал да ја праша.
Потоа одел седум блокови до зградата во која живееле надевајќи се дека дошло до некое недоразбирање. Кога се приближил до местото и ја видел полицијата и болничарите, морал да ја прифати вистината.
Музичарот се присетува како со менаџерот стигнал во мртовечницата за да го види мртвото тело на синчето.
-До тогаш го средиле и изгледаше нормално. Се сеќавам како гледав во неговото убаво лице и мислев како тоа не е мојот син, дека се работи за некој кој личи на него, но веќе го нема, раскажува Клептон.
Мелани Конор е погребан во родното место на Ерик Клептон, на само два дена пред 46-от роденден на Ерик.
Следната година на синот му ја посвети песната „Tears in Heaven“ која е еден од неговите најголеми хитови, а важи за една од 500 најдобри песни на сите времиња.
Клептон за трагедијата никогаш не ги обвини домарот и дадилката кои го оставија прозорецот отворен.