Направете салата со сирење и сусам, нешто различно во морето рецепти за салати.
- СОСТОЈКИ:
- 400 гр. сирење
- 5 варени јајца
- 100 гр. сусам
- 150 гр. шунка
- 50 гр. мајонез
- 5 кисели краставички
- 100 гр. кисела павлака
- 130 гр. пченка
ПОДГОТОВКА:
Се варат јајца, додека сусамот на умерена температура се пропржува.
Се става сирење во сад ронето, сол и бибер, па исечени кисели краставички и шунка, мајонез и пченка исцедена, павлака и сусам.
Се става магдонос и се меша.
На крај се ставаат и јајцата.
извор:готви.мк