Вистаграм

Нов тренд на Инстаграм што веднаш ќе сакате да го пробате

Нов тренд на Инстаграм што веднаш ќе сакате да го пробате

Даските со раскошна храна или #charcuteries се вистински хит уште од минатата година. Тоа всушност е дрвен послужавник со неколку видови сирење, овошје и друга храна, а блогерите за храна и сите други љубители на храна во меѓувреме сфатија дека можат да направат буквално сè од тоа. Сега, има нешто поразлично, а тоа е #jarcuteries.

Зошто сите се луди по овој нов тренд на Инстаграм? Едноставно кажано, #jarcuteries е вкусна храна „спакувана“ во тегла. Сè што инаку би ставиле на даска сега се става во мали тегли.

Може да ставите што сакате во вашата тегла – од филети, сирење, маслинки, кисели краставички, парчиња овошје до ореви. Покрај солени верзии, можете да подготвите и слатки варијанти со коцки чоколадо, гумени бонбони, разни бисквити и сè што сакате по ваш избор.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by char.CUTE.rie (@seecandycook)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sarah Juenemann (@grazingkc)

извор:кафепауза.мк

To top