Оваа година групата „Нокаут“ слави 25 години постоење, а јубилејот го одбележува со голема турнеја низ Македонија и веќе издаде еден сингл „Денес, утре, задутре“.
“Набиената агенда на турнејата не го спречи бендот да подготви уште нешто ново за својата публика. Задоволство ни е да го споделиме со вас новиот сингл „Знаеш ли?“ – порачаа од бендот.
Автор на музиката е Никола Перевски, кој воедно работеше и на аранжманот. Текстот го напиша Александар Ристовски – Принц, а миксот и мастерингот ги потпишува Дарко Димитров кој ги изработил во неговото студио „Димитрови“.
Инаку песната е снимена во студио „НК Продукција“, информираат од тимот на Нокаут, канејќи ве премиерно да ја преслушате нивната „Знаеш ли“?