Групата „Нокаут“ со публиката го споделува новиот сингл “25” (Двасет и пет). Од „Нокаут“ велат дека не застануваат тука.
„После 25 години време беше да направиме ретроспектива на сѐ што сме оставиле зад нас, за Вас, преку нова песна и видео спот.
Да ве потсетиме на убавите ‘90ти години кога почнавме со Нокаут и кога наместо официјални спотови вртевме видео записи од настани по ТВ студијата, музички емисии, топ листи, бинго шоуа…
“Buckle up”, времепловот кон ‘90тите тргнува, велат од „Нокаут“ претставувајќи го видеото кое го потпишува Александар Ристовски – Принц.
Автор на музиката и аранжманот е Дарко Димитров, а текстот е на Игор Џамбазов.
Како звучи и изгледа музичкиот времеплов на „Нокаут“ претставен преку „рингишпилот на годините“ насловен едноставно само со бројка – „25“, проследете од видеото во продолжение (КЛИКНИ ТУКА):