Жена, мајка, кралица, фраза која се’ почесто ја слушаме, а на истата секогаш може да и се додадат уште неколку титули. Звучи феминистички, но за понежниот пол и тоа како остварливи сите одеднаш.
Можеби не за секоја, но домаќинки се голем број, кралици во домот, шефови во сопствената кујна, позиција од каде најчесто ги исполнуваат желбите на своите најблиски.
Секој со своето омилено јадење, а таа секогаш е тука за остварување на посакувањето. Татјана Лазаревска важи за жена која секогаш блеска од позитивна енергија, насмеана и распеана.
View this post on Instagram
Таква е и по дома, кога не е на сцена и со микт=рофон во рака, а нејзнините синови ќе посакаат да каснат нешто вкусно приготвено од рацете на мама Тања.
Па така, во период кога сите ги покажуваат празничните декорации во домот, Татјана ја покажа кујната во далечниот Мелбурн каде одамна живат со Новица и двајцата синот Петар и Стефан.
Во случајот, на менито на едниот син беа домашни фурнаринки со мешан зачин, а таа на готовс веднаш се фати за работа.
Процесот на брзата подготовска го сподели со своите следбенички, па во случај да им се допаднат како на нејзиниот син, да знаат како за брзо да се извлечат од дадениот предизвик.
А кога се’ ќе се заврши, со полни стомаци, распеани и насмани, Тања и Новица ќе им запеат на синовите, па меракот за најдрагите да биде комплетен.
фото:Instagram printscreen/ tatjanalazarevska_official