Радио Милева Скромно

Ништо од скапа дестинација: Синот на Аца Лукас ја однесе сопругата на меден месец (фото)

Ништо од скапа дестинација: Синот на Аца Лукас ја однесе сопругата на меден месец (фото)

Синот на фолк пејачот Аце Лукас, Лазар Вуксановиќ се ожени со избраната Ана во неделата на 6-ти март, а свадбената церемонија се одржа во црквата на Карабурма во присуство на родителите, кумовите и најблиските членови на семејството.

Венчавката наводно чинела околу 50.000 евра, а потоа Лазар Вуксановиќ и неговата сопруга отпатувале на меден месец.

Додека многу деца на познати за медениот месец избираат претежно потопли и поскапи места како Малдивите, Лазар и Ана отпатуваа на Копаоник, од каде веднаш споделија заедничка фотографија.

Лукас претходно откри што купил за Лазар и неговата сопруга.

– Јас го обезбедив моето дете. Лазар доби трособен стан за свадбата. Не би зборувал каде е, но еве толку од тато за него и неговата сопруга- изјави Лукас за „Блиц“.

фото:курир.рс/инстаграм/лазар вуксановиќ

To top