Радио Милева најголема помош

Ништо немаше да биде исто: Поради оваа жена животот на Сека Алексиќ комплетно се смени (фото)

Ништо немаше да биде исто: Поради оваа жена животот на Сека Алексиќ комплетно се смени (фото)

Иако сега го живее својот сон, животот на Сека Алексиќ не бил лесен. Таа поминала години во целосна сиромаштија, а покрај тешкото детство, водела и долга борба за потомство.

Но, нема толку тешки моменти кои не можат да се надминат со вистинската поддршка од најблиските.

Покрај сопругот Вељко, пејачката секогаш на страна ја имаше и мајката Ибрима, која со сите сили се трудеше да и се најде на Сека во сите неволји.

Како што живееја тешко, сигурно беше дека Сека ќе го напушти училиштето за што побрзо да почне да работи и да му помогне на семејството кое беше во страшна финансиска состојба.

Но, Ибрима не сакала ни да слушне за тоа, па ја советувала ќерка си да заврши училиште.

Пејачката на тој начин завршила фризерско училиште и има занает, со кој би можела да си изгради подобар живот.

Сепак, судбината сепак ќе ја одведе Сека до микрофонот, а на почетокот на кариерата таму беа најблиските да ја заштитат од наметливите гости.

– Почнав да настапувам на многу млада возраст за да и помогнам на мајка ми да се извлече од тешкиот живот во кој западнавме поради војната. Таа и нејзиниот брат одеа на секој мој настап, а јас имав среќа секогаш да имам музичари кои се грижеа за мене како најмала – изјави тогаш Сека, сеќавајќи се на времето и на тоа колку била значајна поддршката од мајка си.

фото:Instagram printscreen/ seka_aleksic

To top