Радио Милева

„Ништо не се менува“: Снежана Ѓуришиќ откри дали Аца Лукас ќе биде дел од „Ѕвездите на Гранд“

„Ништо не се менува“: Снежана Ѓуришиќ откри дали Аца Лукас ќе биде дел од „Ѕвездите на Гранд“

Наскоро започнува новата сезона на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, а во текот на вчерашниот ден пејачите кои се дел од жирито се собраа на состанок во продукцијата.

Летово се шпекулираше дека пејачот Аца Лукас поради кавгата со Јелена Карлеуша нема да биде дел од жирито.

Меѓутоа, Снежана Ѓуришиќ која е дел од продуцентското жири истакна дека составот на жирито нема да се менува.

фото: рас србија

„Не, не се менува ништо. Тоа што е добро не треба да се менува. Тоа што јас знам е дека останува истиот состав како и претходните две години, изјави Снежана пред новинарите.

фото: рас србија

Од друга страна, српските медиуми тврдат дека Аца Лукас нема да биде од жирито и дека ќе го замени некоја поп или рок ѕвезда.

Дали ќе има промени и дали Лукас ќе биде дел од екипата која одлучува останува да видиме во новата сезона.

To top