Радио Милева една е мајка

Нина, сопругата на Борко Ристовски и подготви изненадување на својата мајка: Годините се само бројка, а твојата љубов е вечна (ФОТО)

Нина, сопругата на Борко Ристовски и подготви изненадување на својата мајка: Годините се само бројка, а твојата љубов е вечна (ФОТО)

Кај „министерот за одбрана“ на македонскиот ракометен гол првиот месец од годината е навистина со густа агенда.

Најпрвин официјалната свадбена веселба со неговата со неговата убава сопруга Нина, потоа крштевката на синчето Душан, па веднаш потоа СП во ракомет во Германија, кое се’ уште е во тек…

Во меѓувреме, додека неговата Нина и малиот Душан го бодрат и него и нашите ракометари од дома покрај ТВ екранот и ги полека средуваат впечатоците од свадбата и крштеваката, новопечената невеста имаше уште еден повод, уште една голема причина за славење.

Имено, Николина и покрај сиот метеж не заборави на својата мајка Вики да и го честите јубилејнииот 50-ти роденден… И тоа на најубав начин. Со огромен букет составен од 50 прекрасни бели рози и уште поубава роденденска торта, направена во истиот стил. Секако не изостана и божествената посвета: „Годините се само бројка, а твојата љубов мамо е вечна…“!

Нина го овековечи моментот за паметење, па фотографијата ја постираше на својот Инстаграм профил. Од неа се гледа дека задоволството од изненадувањето на г-ѓата која го славеше „првиот ден од првата година на остатокот од нејзиниот живот“ беше неизмерно! И нејзиното и на Нина. А како не би, кога само една е мајка!

To top