Познатиот македонски спортист или уште попознат како „министерот за одбрана“, ракометниот голман Борко Ристовски ќе стане татко по вторпат, вест која на пошироката јавност и е позната откако неговата сопруга неодамна обзнани дека повторно е бремена.
Деновите, неделите и месеците минуваат, а стомакот на Николина или Нина на Борко, расте и расте…
Таа веќе е во поодмината бременоста, а на својот прфил на Фејсбук сподели фотографија на која носи макси принт фустан со впечатливо и длабоко деколте од кое ја нагласи својата женственост која природата и трудничките хормони дополнително ја нагласуваат кога жената е блажена.
Полот се уште останува непознат, но претпоставиките според нејзините коментари дека доаѓа уште едно лавче е дека и овој пат ќе станат родители на машко.
Инаку, Борко Ристовски и сопругата Николина го имаат 4 годишниот син Душан кој ќе стане поголемо братче.
Николина пак, почна да зема часови по мода, како дизајнер и се почесто покажува дека модата е во нејзиниот иден професионален фокус.
фото:Фејсбук/Николина Нина Ристовска