Радио Милева го прескокнува појадокот

Николина Пишек има 50 години и младешки изглед, а еве како ја одржува витката линија (фото)

Николина Пишек има 50 години и младешки изглед, а еве како ја одржува витката линија (фото)

Водителката Николина Пишек важи за една од најубавите жени на овие простори, а сега откри како го одржува виткото тело.

Иако има 50 години, според многумина изгледа многу помладо. Како што истакнува водителката, таа го прескокнува појадокот и не јаде месо.

 

„Јадам малку нередовно“, вели водителката која открива дека не појадува, не јаде месо, туку зема колаген и јаде многу зеленчук.

„Ми помага наизменичното постење – јадам 6 до 8 часа на ден, остатокот постам. Пијам многу течности за да ја стимулирам лимфата.

„Кога ќе ме прашаат дали нешто јадам и што јадам? Секако дека јадам, дури и доста. Еве пример за лесен и вкусен оброк. Тенок омлет, со фил од сирење и спанаќ и салата од барбули како прилог“ – откри  еднаш Николина.

Таа редовно вежба, иако вели дека во последните две години малку се опуштила поради низа настани.

За Николина неодамна на големо се зборуваше поради луксузното крстарење на кое беше. Таа потоа замина на море, како дел од пловењето на луксузен брод, а деталите ги сподели со своите следбеници на социјалните мрежи во низа објави.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Николина Пишек

To top