Јелена Карлеуша полека се враќа на нормалниот начин на живот. Според пишувањата на српските медиуми, пејачката наводно се вратила во студио за да почне да работи на нова песна, која веќе долго време ја одложува, а се шпекулираше и дека ќе биде посветена на нејзината почината мајка Дивна.
Иако се уште е неутешна, соработниците даваат се од себе да ја вратат во старата форма. Јелена инаку планирала да се врати за 6 месеци, па дури и во „Ѕвездите на Гранд“ каде е дел од жирито.
Меѓутоа, таа најверојатно треба да почне со снимање 40 дена по смртта на Дивна, а опкружувањето смета дека може да биде подобро ако е активна.
-Јелена планираше да се појави по 6 месеци, но Саша Поповиќ наводно ја убеди тоа да се случи 40 дена по смртта на Дивна. Таа го почитува мислењето на Поповиќ и не се сомневаме дека за месец дека ќе ја гледаме на истото старо место, вели добро информиран извор.