Дека е силна жена која може да премине преку се, Јелена Карлеуша покажа со тоа што пред да поминат 40 дена од смртта на нејзината мајка Дивна, таа се врати на снимањата на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.
Уникатна, доминантна, самоуверена… Јелена и се врати на сцената, но реши да побара помош за менторството на кандидатите.
На снимањето на најновата емисија се појави облелчена во црн тесен фустан со нагласено деколте, зачешлана машка фризура и впечатлива шминка.
Очигледно е дека намалила од килограмите, а тоа одлично и прилега. На својот Инсатграм таа објави неколку фотографии, а на една од кусите приказни напиша дека нејзиното срце е претворено во „камен“, за последната објава да биде повторно од нејзината почината мајка Дивна.
Следбениците ја опсипаа со ласкави комплименти, а во многуте од нив и го даваат епитетот кралица.