Ако не се сеќавате кога последен пат сте спиеле мирно и безгрижно, многу е веројатно дека имате лошо фенг шуи во спалната соба.
Имено, оваа просторија треба да биде вашето место за обновување и одмор на енергијата, па затоа е многу важно да ја организирате според фенг шуи, во согласност со принципот (yin).
Многу е важно да ја ослободите спалната соба од следниве работи:
Премногу зеленило
Добро е да имате една или две растенија во спалната соба, бидејќи тие ќе го прочистат воздухот и ќе ви овозможат подобар сон, но треба да ја знаете границата и да не претерувате.
Според фенг шуи, растенијата припаѓаат на елементот дрво, што значи дека ако почувствуваат некаква експанзивна енергија, тие можат да ви пречат во спиењето. Најдоброто решение е да имате до две растенија во спалната соба.
Бучава и лош мирис
Нема да имате мирен сон ако вашата соба е погласна од самиот центар на градот, а уште помалку ќе се опуштите ако почувствувате мирис на влага или некоја друга непријатна арома. За да го решите првиот проблем, инвестирајте во подобра изолација, додека за мирисот, доволно е да запалите ароматична свеќа пред да одите во кревет и сè ќе биде добро.
Минимализам
Нашата околина во голема мера влијае на тоа како се чувствуваме. Затоа, можно е доколку имате чувство на мачнина или осаменост за време на спиењето, декорацијата да има врска.
Вазна без цвеќиња, кујнски стол во аголот од собата и слични бесмислени работи што се наоѓаат во вашата соба, треба да се исфрлат што е можно побргу!
Премногу работи под креветот
Иако просторот под креветот е одлично место за складирање на непотребни работи, тој може да испушти и многу лоша енергија
Размислете за сè што е под вашиот кревет. Обично има многу работи што никогаш не ги користиме и кои не знаеме каде да ги ставиме. Најдоброто решение во овој случај е да ги донирате или да ги подарите. Ќе видите дека ова чувство на ослободување е бесценето!
извор: попара.мк