Радио Милева

Ни кај Брена во бракот не цветаат ружи: Пејачката проговори за караниците со Боба зад четири ѕида

Ни кај Брена во бракот не цветаат ружи: Пејачката проговори за караниците со Боба зад четири ѕида

Лепа Брена признава дека нејзиниот брак со Боба Живојиновиќ не е идеален и дека понекогаш се кара со сопругот.

Најпопуларната пејачка од поранешна Југославија забележува дека во овие ситуации таа е внимателна да не го навредува својот сопруг и дека научила одамна кога да ја спушти топката.

– Живееме живот како повеќето. Нашите евентуални кавги остануваат зад четири sида, тоа нема да го направиме пред другите или медиумите. Имаме вакви моменти, но животот ве тера да броите до десет, да ја спуштите топката и да решите сè со убава приказна. Кој има аргумент, има право. Што е најважно, двајцата успеавме да создадеме свој свет, да го негуваме нашиот однос, внимание, почит, љубов … Го живееме животот што ни одговара, вели Брена и додава:

фото:инсатграм

-Човек мора да внимава какви грди зборови кажува затоа што другиот се сеќава на тоа. Тие остануваат длабоко врежани во твоето срце, особено ако ти е кажано од некој кој е многу близок со тебе и за кого се грижиш. Избирам зборови и се обидувам да не повредувам никого затоа што не би сакала некој да ми го стори мене тоа. Цел наш живот сме биле внимателни да не кажеме нешто за што подоцна ќе жалиме. Сакам да негувам добра врска. На крајот на краиштата, мене и Боба ни е убаво и уживаме кога сме сами, завршува Лепа Брена.

To top