Симптомите најчесто се нетипични и тешко може да се препознае за каков проблем станува збор.
Без него не можеме, затоа што тој е поврзан со над 100 хемиски процеси во телото.
Магнезиумот е минерал чиј недостаток е тешко да се дијагностицира клинички, поради што често се нарекува и ”невидлив симптом”.
Недостатокот на магнезиум ја намалува потребната енергија за закрепнување на мускулите, што освен грчеви може да предизвика и појава на мачнини, повраќање и вртоглавица.
Поврзан е со функцијата на невротрансмитерот во мозокот кој што влијае на помнењето, размислувањето и емоциите. Доколку сте необјасниво тажни и емотивни, можеби ви недостасува токму овој минерал.
Освен тоа, истражувањата покажале дека кај луѓето кои што патат од мигрена пронајдена е пониска концентрација на магнезиум.
Се претпоставува дека недостатокот на овој минерал ја пореметува и функцијата на серотонинските рецептори, што ги зголемува процесите на воспаление во самото тело.
извор:точка.ком.мк