Не можела да се контролира!
Венчавката треба да биде еден од најсреќните денови во животот на невестата и младоженецот, но во Баварија поради алкохолот тоа не беше случај.
33-годишната невеста , според полицијата, испила премногу алкохол и целосно пијана почнала да тепа повеќе луѓе на свадбата која што се одржа во Арберг, пишуваат германските медиуми.
Меѓу „жртвите“ бил младоженецот, кој, откако не можел да ја смири, ја повикал полицијата на помош.
Кога чуварите на редот пристигнале на свадбата, невестата веќе го натепала младоженецот, неговата мајка и кумот.
Потоа, таа се затворила во една соба, од која излегла по долгите преговори со полицијата. Од нејзината свадба таа била однесена со лисици и била покрената постапка поради нанесување на телесни повреди.
извор: Курир.мк