Живот и Стил

Нереални водопади кои го одземаат здивот со својата убавина (фото)

Нереални водопади кои го одземаат здивот со својата убавина (фото)

Националниот парк во Тајланд, Ераван, никого не остава рамнодушен со неверојатната убавина, прекрасната тиркизна вода, но и нереалните водопади.

Овој парк е основан во 1975 година како 12-ти национален парк во Тајланд. Ераван покрива подрачје од 550 квадратни километри шума и бројни потоци и реки, преполни со помали и поголеми слапови и природни смарагдни базени.

Ераван е еден од најпознатите национални паркови во Тајланд, а неговата главна атракција е истоимената низа од седум водопади кои течат преку карпите. Името го добиле по троглавиот бел слон од хиндуистичката митологија, на кој тие наводно наликуваат.

Во Ераван, покрај водопадите, можат да се видат и неверојатни пештери како и голем број животни – од тигри, слонови, елени и летечки верверички па сè до кралска кобра. Меѓутоа, најчести се макаки мајмуните кои им се добро познати на посетителите по крадењето. Мајмуните често доаѓаат близу водопадите и крадат работи додека луѓето се капат.

Водопадите се инаку најпосетени за време на годишниот фестивал Сонгкран кој се одржува од 13-ти до 15-ти април, кога се собираат голем број на луѓе.

извор:точка.ком.мк

To top