Десетгодишниот син на познатиот актер Бен Афлек, Семјуел, му создал главоболка на својот татко. Момчето иако има само 10 години се обидело да го вози ламборџинито на татко му и удрило во БМВ кое било паркирано зад него.
Семјуел отишол со својот татко и неговата свршеница Џенифер Лопез да купат луксузен автомобил, а во еден момент Афлек му дозволил на детето да седне на возачкото седиште додека работел моторот на неговото жолто Ламборџини.
View this post on Instagram
Момчето во еден момент тргнало во рикверц, а автомобилот го допрел предниот дел на белото БМВ кое било паркирано зад него. Семјуел бил на возачкото место со отворена врата, додека неговиот татко Афлек бил помеѓу вратата и возачкото седиште. По контакт со другото возило, Афлек отишол да види што точно се случило, а од автомобилот излегол и неговиот син.
Кога утврдиле дека штетата не е страшна, актерот го гушнал синот, додека Џенифер го држела за рака и си заминале. Портпаролот на познатиот актер за TMZ изјави дека нема штета, и дека двете страни се задоволни.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/pagesix