Секогаш е интересно и емотивно кога сте со оние пријатели со кои сте израснале и ве познаваат убаво.
На пејачката и харфистка Сара Мејс и се случи едно неочекувано изненадување од пријателка поради кое ја навјасаа емоции и тоа пред камери.
Имено, Сара гостуваше во емисијата „Магазин“ која од неодамна се емитува на телевизија Сител, а низ разговорот и водителката пријатно ја изнанади со интервјуто снимено со пријателка на Сара со која се дружат уште од средношколските денови.
Теа беше другарката на Сара која таа не ја очекуваше да зборува пред камери за неа, да и го опише карактерот и да раскаже интересни заеднички моменти кои ги имале.
Гледајќи го интервјуто и слушајќи за себе од Теа, Сара се расплака пред камерите и кажа дека вакво нешто не очекувала, а не ги криеше ниту солзите.
-Сара е многу брза,но има прекрасна душа. Кога дојде во средно со црвена коса и шарени панталони беше тешко да не ја забележиш, кажа Теа и додаде дека Сара најмногу може да се налути ако и скинат жица од харфата.
Пандемијата на коронавирус не оддалечи од пријателите, а Сара и Теа кажаа дека се немаат видено подолго време, па во прва прилика од подобри денови ќе продолжат со евоцирање на убавите спомени и споделување на новите искуства.