Пејачката Маја Беровиќ за „Хит“ призна дека за се што има му должи на сопругот Ален, кој веруваше во неа и вложи пари кои им се вратија повеќекратно.
“На почетокот на кариерата немав пари и да не беше Ален немаше да бидам тука! Благодарение на него станав ова што сум денес. Ален ме создаде”, Маја Беровиќ (36) изјави во емисијата „Хит“ на телевизија Информер.рс Пејачката неодамна го објави својот деветти албум „Million“, па искрено одговорила на многубројните прашања.
– Многу ми помогна на почетокот на кариерата, бидејќи го плати мојот прв албум! Подоцна го вративме секој вложен динар. Повторно, се што заработивме, реинвестиравме во нови песни. Ален и јас имаме една сметка, една куќа. Ние не сме богати луѓе, живееме сосема нормален и обичен живот, немаме јахти, приватни послуга… – изјавила таа.
Фото: Принтскрин/Александар Јовановиќ Циле