Денес тој е синоним за најпознатото, најпопуларното и најгледано музичко натпреварување во регионот. Лице кое веднаш сите го препознаваат штом го видат иако на самиот почеток на неговата кариера тој изгледаше сосема поинаку.
Го познаваме оддамна како предводник на групата „Слатки грев“, која ја роди најголемата балканска музичка sвезда, Лепа Брена, со која настапуваа низ цела поранешна Југославија и Балканот.
Тој лично е можеби најпознатиот и најголем ловец на таленти, кој е заслужен за кариерите на тогаш млади, денес многу познати пејачи како што се: Рада Манојловиќ, Милица Тодоровиќ, Дарко Лазиќ, Милица Павловиќ, Тања Савиќ… и останатите десетици, па и стотици „Ѕвезди на Гранд“.
Саша Поповиќ никого не остава рамнодушен, но мора да признаете дека е речиси „невозможна мисија“ да го препознаете на црно-белата фотографија од раната младост.
Фото: Инстаграми Твитер принтскрин