Пејачката Јелена Карлеуша од почетокот на кариерата до денес често експериментира кога е во прашање нејзиниот изглед.
Таа често ги менува фризурите, а долгата руса коса неколку пати ја обои во розова и небесно сина.
Јелена сега повторно реши да направи мала промена, а новата фризура веднаш ја покажа на Инстаграм. Имено, пејачката сега има слоевито скратената коса, а нејзината фризура е вистински тренд оваа есен.
„Ви посакувам убав ден“, рече таа со кратко видео од автомобилот, притоа покривајќи го лицето со сини очила.
View this post on Instagram
„Ја сакам твојата коса“, „Изгледаш убаво, фризурата е супер“, „Изгледаш 10 години помладо со оваа фризура“, гласат дел од коментарите под нејзината објава.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/Јелена Карлеуша