Поради недостаток на хируршки маски во аптеките, многумина беа креативни и започнаа да прават свои.
Сепак, веднаш се појави прашањето како да се дезинфицираат и да бидат безбедни за носење, а да не се перат секој ден?
Експертите дадоа едноставен одговор на ова прашање – нема потреба да ги миете после секое носење.
Сè што треба да направите е да ја вклучите пеглата на пареа и со неа да ја стерилизирате маската која сте ја носеле тој ден.
Всушност, пеглата со пареа е најдобрата дезинфекција не само за маски, туку и за сите работи што ги носите – блузи, јакни, панталони.
Само поминете со пеглата на двете страни на вашите маски, па дури и облеката, и ќе направите да бидат 100% дезинфицирани.
извор:Курир.мк