Пејачот Дарко Лазиќ стави крај на заедничкиот живот со неговата колешка Ана Севиќ, меѓутоа не се законски разведени.
Како што пренесуваат медиумите од соседството, бракоразводната парница се уште трае бидејќи Ана и Дарко не можат да се договорот околу поделба на имотот.
Ана сметаше дека Дарко ќе и го остави станот во кој живееја додека беа во брак, па пејачката ќе може да живее заедно со нивната ќерка Лорена. Меѓутоа, се шпекулира дека Дарко за тој стан издвоил 300 000 евра, па затоа одлучи по судски пат да го реши овој проблем. Додека Дарко сака станот да остане на негово име, Ана го сака станот за себе. Кога ќе го решат прашањето за станот, дури тогаш официјално ќе бидат развеени, тврди извор близок на парот и открива како тие моментално функционираат.
„Додека судот не одлучи на кого ќе му припадне станот, во него живеат Ана и Лорена. Додека Ана живее во станот, Дарко исто така живее во друг стан кој се наоѓа во Белград. Во станот во кој живее сега, Дарко некогаш го издаваше, а сега таму живее со неговата нова девојка. Го купи пред да ја запознае Ана, па Ана нема право на тој имот. Тие не се во најдобри односи поради станот, па се гледаат само кога Дарко треба да ја види Лорена, тврди изворот.
Дарко дознал дека станот кој го купил, а во кој живее Ана, често доаѓа нејзиниот нов дечко.
„Дарко го купи тој стан додека беа во брак, па можно е судот да одлучи да и припадне на Ана. Лазиќ планира тој стан да го остави на Лорена, меѓутоа револтиран е од однесувањето на Ана што не дозволува станот да го препише на ќерката. Бидејќи Ана сега има моќно момче покрај себе, пријателите го советуваат пејачот да не и дава повеќе пари туку за тоа да одлучи судот. Досега Дарко не се штедеше и даваше пари на Ана бидејќи сака нивната ќерка Лорена убава да живее, да оди во најдобрите училишта и да ја чува дадилка, вели пријател на Дарко.
Лазиќ не беше расположен да ја коментира ситуацијата, но ги потврди овие информации.
View this post on Instagram
„Судот ќе одлучи на кого ќе му припадне станот. Работиме на тоа. Не сакам да зборувам за тоа, се надевам дека разбирате, вели пејачот и потврди дека се уште не законски разведени, иако се зборуваше дека ставиле брак на нивниот крај.