Живот и Стил

Нема да ви се верува што сѐ мора да почитуваат: Oва се сите правила во кралското семејство

Нема да ви се верува што сѐ мора да почитуваат: Oва се сите правила во кралското семејство

Кога кралицата Елизабета ќе заврши со јадење, сите на масата престануваат да јадат. Кога е време за спиење, доколку спијат во иста куќа, никој не смее а легне пред неа. Некои од овие правила се, според мислењето на поголемиот број „обични“ луѓе, многу бизарни. Сепак, во една од најпознатите семејства на светот строго се почитуваат.

Британското кралско семејство е познато ширум светот, па секако дека се прати секој нивен чекор. Освен некои повремени мали инциденто, кои воглавно беа во врска со растењето на младите прицензи, скоро е невозможно да се видат членови на кралското семејство во некои непримерни ситуации.

Од друга страна, постојат низа правила за тоа што е примерно, а што не е. Ви претставуваме некои од нив поради кои ќе бидете среќни што водите живот на „обичен“ човек.

Јавно покажување чувства не е добредојдено, особено на патувањата. Така ниту парови, ниту сопружници, не смеат да се држат за рака.

Ниту еден член на кралското семејство никогаш не излегува никаде без придружба или обезбедување.

Кога членовите на кралското семејство патуваат надвор од земјата, мораат да спакуваат црна облека, за да бидат подготвени за погреб во случај на изненадна смрт.

Правилото кое најчесто се крши е она што следните наследници на круната не смеат да патуваат со повисоки членови на семејството, зашто во случај на несреќа, потенцијално сите можат да загинат. Тоа пратично значи дека принцот Вилијам не смее да патува со своите деца.

Гардеробата на кралицата секогаш мора да биде во светли бои за да биде сигурна дека лесно може да се забележи во толпа.

Никој не смее да јаде откако кралицата ќе заврши со јадење. За време на семејните вечери, откако кралицата ќе го изеде последниот залак, сите мораат да престанат со јадење.

Исто така, никој не смее да оди на спиење пред тоа да го направи кралицата Елизабета. Ова правило важи доколку членовите на семејството спијат во иста куќа со кралицата.

Забранети се прекари. Иако медиумите често ја викаат Кејр, сопругата на принцот Вилијам би требало да ја викаат по вистинското име – Кетрин.

Забранети се школки, особено зашто постои голема можност да предизвикаат труење и тоа во многу повеќе случаи отколку кај другата храна.

Белиот лук исто така е прецртан во Бакингемската палата. Наводно, кралицата мрази бел лук, па сите јадења се подготвуваат без него.

Во кралското семејство забранета е друвштвената игра Монопол.

Едно од правилата е да нема соблакање пред камера. Ова е причина зашто на јавните собири војвотките не ги соблекуваат капутите доколку случувањето се пренесува.

Не смеат да имаат политички став или да го износат во јавност. Не им е дозволено да гласаат, ниту јавно да говорат за политика.

Тијарите се резервирани за мажени жени. Жената која присуствува на некое вечерно случување, а нема тијара, покажува дека е слободна.

Правилото да не се прекршуваат нозете додека се седи важи долго во кралското семејство.

Членовите на кралското семејство немаат социјални мрежи. Така Меган Маркл морала да го избрши својот профил на Инстаграм, кој беше полн со нејзини фотографии во бикини, оброци кои ги јадела, домашни животни и пријатели. Таа имаше и лајфстал блог, на кој можеа да се најдат текстови за мода, па до книги кои ги чита на одмор.

Кралското семејство не се доживува себеси како „селебрити“. ОД таа причина никогаш не прават селфи и не делат автограми. Тоа во моментот е многу различно за Меган Маркл, која припаѓа на светот на славните, но сега е дел од монархијата.

To top