Живот и Стил

Неколку ситници кои во текот на денот ќе ви помогнат да ослабнете

Неколку ситници кои во текот на денот ќе ви помогнат да ослабнете

Наутро, веднаш по будењето испијте 3 dcl обична вода која го поттикнува разградувањето на масти, а потоа изедете мал оброк – пола банана или неколку бадеми за да го раздвижите метаболизмот.

– Растегнете се во кревет или пред туширање.

– Појадувајте! Се препорачува оброк со високо ниво на протеини и хранливи влакна, по 10 gr од секое.
Приредете си уживање за на работа од дома и така ќе ја намалите можноста за да се прејадете во некоја пекара.

– На работната маса ставете шише со обична вода, па постепено во текот на денот испијте го.

– Ако поголемиот дел од денот седите, потсетете се на секој час да ги истегнете нозете.

– На работа најубаво е да јадете двапати, првиот  пат грицкајте нешто здраво до 150 калории, а подоцна изедете го ручекот кој сте си го подготвиле од дома.

– Почнува да ви се спие? Напијте се зелен чај. Ќе ве расони, а истовремено ќе ви го потисне и гладот.

– Подгответе вечера дома и избегнете ја можноста за нарачување покалорична храна во ресторан.

– Потрудете се секој ден да направите неколку стомачни или чучнувања додека чекате да ви почне омилената серија или чекате да се наполни бојлерот во купатило.

– Легнете си во пристојно време и со тоа обезбедете си сигурен 8-часовен сон.

To top