Живот и Стил

Неколку митови за здравјето во зима

Неколку митови за здравјето во зима

Кога времето е студено, сите сме позагрижени за здравјето отколку во сите останати годишни времиња. Но, експертите велат дека студот сам по себе не е причина за загриженост.

Дознајте ги митовите за здравјето во зима:

  1. Не можете да настинете од студ

Во детството, сите добиле предупредување да не се задржуваат премногу на зисмкиот студ, за да не настинат. Всушност, тоа што ви студи нема никаква допирна точка со ризикот од настинување.

Експертите велат дека излегувањето на зимскиот студ (па дури и со влажна коса) е најдоброто нешто што можете да го направите за да го намалите ризикот. Настинките се вируси и бактерии, а причината зошто се шират почесто во зима е продолжениот престој во затворени и поретко проветрени простории.

Резултат со слика за Nastinka vo zima

  1. Депресиите не се засилуваат во зима

Каде и да се завртите се сиво, студот не Ви дозволува да се прошетате, постојано сте во затворени простории – едноличноста е одлична подлога за депресија. Но, докторите велат дека не е така.

Депресиите кои се јавуваат за време на празниците се краткорочни и се предизвикани од стрес, па според тоа не се медицински оквалификувани како вистински депресии. А во остатокот од зимата, доколку чувствувате недостиг на енергија, намалена желба за активност, намалена концентрација и постојана поспаност, не грижете се – тоа се последици од метеоролошките промени, не од Вашата душевна состојба.Резултат со слика за depresion in winter

  1. Топлиот чај нема да ја излечи настинката

Едноставно, нема медицинска поврзаност помеѓу топлите пијалаци и битката со вирусите и бактериите. Сепак, пожелно е конзумирањето топли пијалаци (особено чај), затоа што тие ја намалуваат болката во грлото и синусите и на тој начин ги ублажуваат синусите. Исто така, неопходно е да се внесува зголемена количина течности за да му помогнете на одбранбениот систем побргу да ги исфрли отровите од организмот.

Поврзана слика

  1. Најголем дел од телесната топлина не се губи низ главата

Сигурно Ви кажале дека во зима не смеете да излезете без шапка, зашто на тој начин најбргу ќе премрзнете бидејќи телесната топлина најмногу се губи преку главата. Докторите велат дека топлината се губи подеднакво низ сите делови од телото. Шапката е важна, но не е подобро да носите шорцеви и шапка, отколку топли панталони и гола глава. Заштитете се според своите потреби, без да ги следите традиционалните совети.Резултат со слика за Nastinka vo zima

  1. Можете да вежбате на студено време

Митот дека вежбањето во студ ќе го оштети Вашето здравје не е ништо повеќе од мит. Единствената разлика од вежбањето во топло време е што кога сте соочени со студ, пред да започнете со интензивното трчање, треба да испешачите неколку стотини метри, за организмот да се навикне на постудениот воздух.

Вежбањето на студ не е препорачливо единствено за луѓето со срцеви заболувања, освен ако претходно не се консултираат со лекар.Резултат со слика за exercises in winter

  1. Во зима не ни треба повеќе спиење од обично

Во зимските месеци имате чувство дека треба да спиете постојано. Нормално е да сакате да бидете на топло и удобно место додека надвор има виулици, но од медицински аспект, потребата за сон не варира во зависност од годишните времиња. Обидете се да не почнете да спиете премногу, зашто потоа ќе ви биде потешко да се вратите во нормала.Резултат со слика за sleep in winter

  1. Масло за сончање Ви е потребно и во зима

Доколку некогаш сте планинареле, ќе знаете дека не само што маслото за сончање Ви е потребно во зима, туку слободно може да се каже дека е и неопходно, особено ако има снег, а Вие имате чувствителна кожа или светол пигмент. Снегот одбива најголем дел од сончевите зраци, со што поголем дел од нив завршуваат на вашата кожа. Заштитете се!Резултат со слика за maslo za soncanje vo zima

  1. Не дозволувајте да Ви се исуши кожата

Многумина сметаат дека сувата кожа е нормална појава во зимата и не преземаат ништо околу тоа. Докторите велат дека подолготрајното сушење на кожата може да доведе до појава на мали пукнатини кои ќе Ве направат подложни на инфекции. За луѓето на кои им се суши кожата во зимските месеци, препорачливо е нанесување хидратантен крем, двапати во денот.

Резултат со слика за сува кожа

 

To top