Родителите се тие кои не чуваат, се грижат за нас од првиот миг кога доаѓаме на овој свет, тие се оние кои би го дале животот за нас.
Со нив го поминуваме најголемиот дел од време, животот, тие се нашите најдобри пријатели, учители, советници. А еден ден…..еден ден кога ќе ги нема, тогаш ќе ни недостигаат…
Македонската пејачката Елена Ристеска пред четири години го загуби својот татко кој ја изгуби битката со тешка болест.
И по четири години, ни тагата ни болката не поминуваат по загубата на родителот, а Ристеска често знае да се потсети на својот татко и да напише емотивна порака за него.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/elena-risteska-so-emotivna-posveta-za-nejziniot-pochinat-tatko-dojdoa-i-tie-denovi-uzasno-mi-nedostigash/
Некои спомени поминати со саканите се вечни, ни времето не може да ги избрише.
А, 14-ти јули беше токму таков… Денот кога му е роденден на оној кого најмногу го сакаше, со кого беше најблиска, за кого беше најмногу врзана. Нејзиниот татко, кого за жал, повеќе го нема!
По тој повод, пејачката на својот „Инстаграм“ објави фотографија од архива на која е со својот татко, а во описот напиша:
„ Немам веќе ни што да кажам… 14ти јули. Ќе ти беше роденден. Се’ повеќе ми фалиш тато!“, напиша пејачката.
View this post on Instagram